За нас

За нас

Авто Школа ТРИМОСКИ

врши оспособување на кандидати за возачи од 2003 година, во кој период на пазарот се наметна како водечка авто школа во Скопје, во поглед на квалитетот, стручноста и понудата. Обуката во авто школа ТРИМОСКИ успешно ја реализираат повеќе стотици кандидати секоја година, и токму тој број на кандидати е гаранција за нашиот квалитет. Со цел задржување на примарното место во струката, имаме обврска да нудиме најквалитетна и најпрофесионална услуга, а вашето задоволство е наш успех.
Секогаш ни е важно да понудиме квалитет по пристапни цени и да ги задоволиме барањата на нашите кандидати.
Авто школата е сместена во нас. Тафталиџе, помеѓу Веро и Педагошка академија, локација која е пристапна и лесна за наоѓање.

  • Теоретската настава од областа на сообраќајните правила и прописи ја реализира стручен професор, во комплетно уредена и опремена училница лоцирана до авто школата.
  • За практичната обука обезбедивме возен парк од 10 нови возила од различни категории, прилагодени за најлесно и наједноставно учење и полагање на возачки испит.
  • Авто Школа ТРИМОСКИ има вработено стручен кадар, составен од раководител, предавач по теоретска настава и 10 инструктори, кои се високо професионални и стручни во својата работа, за што гарантира бројот на оспособени кандидати.

Нивото на квалитет и привилегии кои ги добивате во Авто Школата ТРИМОСКИ во однос на обуката и плаќањето се репер за квалитет и професионалност кои допрва ќе станат стандард во останатите авто школи.

Плаќање на рати

Плаќањето може да го извршите на рати директно во Авто школата, или на рати преку синдикатот на Вашата фирма, доколку сте вработени вие или член од семејството во МВР, Здравствен дом, ЈСП, Паркови и зеленило, Агенција за храна и ветеринарство.

Услуги

Стручниот кадар во Авто школа Тримоски е покрај Вас при секоја етапа од процесот на станување возач.

Лекарски преглед и прва помош

Лекарскиот преглед може да го извршите во специјализирана медицинска установа по Ваш избор или кај еден од нашите партнери, во придружба на Вашиот инструктор.

Теоретска настава

Теоретската настава од областа на сообраќајните правила и прописи ја реализира стручен професор, во комплетно уредена и опремена училница лоцирана до авто школата.

Припрема за теоретски испит

По теоретската настава, Ви ги даваме сите алатки за совладување на теоретскиот испит. Во секое време може да се обратите кај стручниот професор доколку имате прашања или за да побарате дополнителна помош.

Практична обука

Часовите за практична обука ги држат инструктори со долгогодишно искуство. Најпрво се ангажираме за Вашето оспособување за безбедно движење во сообраќајот, а последните неколку часови се посветени на спремање за лесно полагање на практичниот испит, односно запознавање со теренот и учење на техники за справување во стресни и непредвидливи ситуации.

По полагање на испитите

По положување на возачкиот испит треба да закажете термин за сликање за возачка дозвола на следниве броеви: 0800 192 92 од фиксен телефон и 072 92 92 92 од мобилен телефон. На закажаниот термин носите лична карта, барање за издавање на возачка дозвола и уплатница (кои ги има во мвр), и две мали слики за возачката книшка. Од наша страна, сите останати потребни документи ќе бидат испратени по службена должност во мвр.

По добивање на возачката дозвола

Секогаш остануваме тука за Вас доколку имате потреба од дополнителни часови поради чувство на несигурност што може да се јави поради лошо прво искуство во сообраќајот, или поради долга пауза како возач. По Ваш избор, дополнителните часови може да се извршуваат со возило од авто школата или со Ваше возило.

Теоретски испит

Теоретскиот дел од возачкиот испит ги опфаќа прописите за безбедноста во сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот.

Подготовка

Најчесто поставувани прашања

Нашиот тим

Авто Школа ТРИМОСКИ има вработено стручен кадар, составен од раководител, предавач по теоретска настава и 10 инструктори, кои се високо професионални и стручни во својата работа, за што гарантира бројот на оспособени кандидати.

Билјана Тримоски

Стручен раководител и предавач за теоретска настава.

Билјана има инструкторска дозвола за категориите: Б.

Ѓорѓи Тримоски

Основач и инструктор

Ѓорѓи има 28 годишно искуство (од 1993 година) во обука со кандидати за возачи од сите категории. Има инструкторска дозвола за категориите: А, А1, А2, Б, БЕ, Ц, Ц1, Ц1Е, ЦЕ, Д, Д1, Д1Е, ДЕ.

Влатко Стојановски

Инструктор

Влатко има инструкторска дозвола за категориите: Б, Ц, Е.

Милош Митрески

Инструктор

Милош има инструкторска дозвола за категориите: Б, Ц, ЦЕ.

Александар Тортевски

Инструктор

Александар има инструкторска дозвола за категориите: Б, Ц.

Мики Бајровиќ

Инструктор

Мики има инструкторска дозвола за категориите: Б.

Горан Кочоски

Инструктор

Горан има инструкторска дозвола за категориите: Б.

Ана Јакимовска

Инструктор

Ана има инструкторска дозвола за категориите: Б, Ц.

Зоран Павловски - Павло

Инструктор

Ирена Груевска

Инструктор

Ирена има инструкторска дозвола за категориите: Б.

Контактирајте не

За било кои прашања или за да се пријавите за обука може да не контактирате на некој од телефонските броеви, по меил, на нашата фејзбук страна или со пополнување на формуларот.

Авто школа Тримоски

Достапни во секое време.

ул. Њу Делхиска 4/1-8 нас.Тафталиџе
1000 Скопје

dzoletrimoski@gmail.com

+389 70 279 208
+389 78 279 208
+389 2 307 3003


Се праќа...
Броевите не се точно напишани. Треба да стои 5391.
Вашата порака е пратена. Авто Школа Тримоски ќе ве контактира со одговорот.