Авто Школа ТРИМОСКИ врши оспособување на кандидати за возачи од 2003 година, во кој период на пазарот се наметна како водечка авто школа во Скопје, во поглед на квалитетот, стручноста и понудата.

Обуката во авто школа ТРИМОСКИ успешно ја реализираа повеќе стотици кандидати, и токму тој број на кандидати е гаранција за нашиот квалитет. Со цел задржување на примарното место во струката, имаме обврска да нудиме најквалитетна и најпрофесионална услуга, а вашето задоволство е наш успех.

Секогаш ни е важно да понудиме квалитет по пристапни цени и да ги задоволиме барањата на нашите кандидати.

Авто школата е сместена во нас. Тафталиџе, помеѓу Веро и Педагошка академија, локација која е пристапна и лесна за наоѓање.

Теоретската настава од областа на сообраќајните правила и прописи ја реализира стручен професор, во комплетно уредена и опремена училница лоцирана до авто школата.

За практичната обука обезбедивме возен парк од 10 нови возила од различни категории, прилагодени за најлесно и наједноставно учење и полагање на возачки испит.

Авто Школа ТРИМОСКИ има вработено стручен кадар, составен од раководител, предавач по теоретска настава и 10 инструктори, кои се високо професионални и стручни во својата работа, за што гарантира бројот на оспособени кандидати.

Нивото на квалитет и привилегии кои ги добивате во Авто Школата ТРИМОСКИ во однос на обуката и плаќањето се репер за квалитет и професионалност кои допрва ќе станат стандард во останатите авто школи.