ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА


ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

Процедурата започнува со лекарскиот преглед, кога добивате уверение за вашата психофизичка способност за управување на моторно возило кое го издаваат специјализирани Медицински установи. Затоа, најдобро би било околу лекарскиот преглед да се консултирате со вашиот иден инструктор кој ќе ви објасни како се одвива целата постапка на издавање на уверението.

ПОЧЕТОК НА ОБУКАТА

Теоретски дел

Програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила ги опфака прописите за безбедноста на сообраќајот напатиштата кои што се однесуваат на: правила на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците што ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот, опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно и непрописно превземање дејства во сообраќајот, функционирањето на уредите на моторните возила што се од значење за безбедноста во сообраќајот, како и содржини кои придонесуваат за развивање хумани односи и солидарност кон другите учесници во сообраќајот, постапка во случај на сообраќајна незгода и начини на кои се укажува прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Практичен дел

Практична обука (возење) на определен број на часови, во зависност од категоријата за која се оспособува идниот возач. По извозување на предвидените часови, Авто школата издава Потврда за оспособеност на кандидатот за возач на моторно возило, која кандидатот ја поднесува заедно со лекарското уверение, сведителство за завршени основно образование и потврда за пра помош во испитниот центар. Таму, на основ на овие документи се закажува тест.

ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ

Испитот се состои од практичен и теоретски дел. Теоретскиот дел ги опфаќа прописите за безбедноста во сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот. Практичниот дел опфаќа изведување дејствиа со моторно возило што се од значење за успешно и безбедно управување на возилото во согласност со правилата на сообраќајот, условите на патот и за совладување на техниката за управување со возилото.

ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

После успешно положениот испит следува издавање на возачката дозвола, која ја издава подрачното Министерство за Внатрешни Работи.