НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

П: Колку часа се предвидени за теоретска подготовка?
За секоја категорија се предвидени различен број на часови:
  • А – категорија = 12 наставни часа
  • Б – категорија = 20 наставни часа
  • Ц – категорија = 10 наставни часа
  • Д – категорија = 10 наставни часа
П: Колку време важат положени тестови?
Положените тестови важат една година од датумот на положување на истите. Доколку во рок од една година не се положат и практичните делови од возачкиот испит тестовите потребно е да се преполагаат.
П: Дали може жител од друг град да вози часови во нашата авто школа?
Да, може. Но мора да полага во местото каде се води по лична карта.
П: Колкав период треба да помине по положувањето на тестовите, за да имам право да пријавам полигон?
Нема законски определен период. По желба на кандидатот се закажува термин за полигон и град.
П: Дали е задолжителна првата помош?
Да, бидејќи без потврда за прва помош не може да се пријави возачкиот испит.
П: Кои документи се потребни за упис во вашата авто школа?
Лекарско уверение, лична карта или пасош и потврда за завршено најмалку основно образование.
П: Дали лекарското уверение има ограничена важност и колку трае?
Лекарското уверение има ограничена важност од 18 месеци.
П: Колку часа трае обуката за "Б" категорија?
Обуката за "Б" категорија трае 36 мото/часа + 20 часа теоретска настава.
П:На која возраст најрано може да се полага за “Б” категорија?
- На 18 годишна возраст, или како постар малолетник со 16 години.
П:Дали може да се започне со обука без лекарско уверение?
- Не,затоа што лекарското уверение е документ кој потврдува дека кандидатот е здравствено и психофизички способен за управување со моторно возило.
П:Дали е дозволено да се возат повеќе од 2 часа дневно?
- Не. Дозволено е само 2 мото часа од практичната обука.
П: Дали на барање на кандидатот може да се добие стручна подготовка пред полагање на тестовите и ако да колку истата се плаќа?
- Стручна подготовка се добива на барање на кандидатот и истата не се наплаќа.
П:Дали морам да полагам полигон и град во исти ден?
- Во пракса се полагаат и двата практични дела во исти ден,но на барање на кандидатот (поднесено до Испитниот центар) може да се овозможи и полагање во различни денови.